Најмалку осум лица загинаа, а 62 се повредени во напади со беспилотни летала врз два логистички магацини на најголемиот руски синџир за онлајн трговија „Вајлдберис“, соопштија руските власти. Нападите се случија во текот на ноќта, а цел биле логистички центри во регионите Тамбов и Москва.
Најтешко погоден бил дистрибутивниот центар во градот Котовск, во Тамбовската област, околу 475 километри југоисточно од Москва. Според руските власти, таму загинале седум лица, додека 25 се повредени.
Во вториот напад, врз логистичкиот центар во Електростаљ, во Московската област, загинало едно лице, а 37 се повредени, јавува Би-Би-Си.
На социјалните мрежи се појавија бројни видеоснимки од пожарите, на кои се гледаат огромни облаци густ црн чад што го прекриваат небото. Жителите на Московскиот регион објавуваат дека чадот бил толку густ што сонцето речиси не можело да се види.
Руските медиуми наведуваат дека покрај магацините биле нападнати и нафтени инсталации во градот Ногинск.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски набргу по нападите изјави дека украинските сили успешно погодиле стратешки цели длабоко на руска територија.
– Операциите на долг дострел дадоа резултати во три различни сектори. Уништени се два големи логистички центри кои се користеа за снабдување со компоненти за производство на беспилотни летала и навигациска опрема, со што се заобиколуваат меѓународните санкции – изјави Зеленски, честитајќи им на специјалните единици и разузнавачките служби за, како што рече, „хируршки прецизните“ напади.
Од друга страна, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта била спроведена голема операција на противвоздушната одбрана.
Според него, кон Московскиот регион летале повеќе од 370 беспилотни летала, а руските системи за противвоздушна одбрана пресретнале 64 дрона пред да стигнат до главниот град.
Најмалку седум лица загинаа, а 51 лице е рането во нападите на украински беспилотни летала врз Русија во текот на ноќта, соопштија денеска руски официјални претставници.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави на Телеграм дека украинските напади со долг дострел погодиле два „значајни логистички објекти во регионот на Москва и Тамбов“.
„Агресорот ги користел овие објекти за снабдување на компоненти кои се под санкции, а кои се користат за производство на беспилотни летала и навигациска опрема“, напиша Зеленски.
Претседателот на Украина додаде дека во последните напади бил погоден и нафтен објект. Зеленски рече дека украинските сили за специјални операции извршиле напади и врз цели во Азовското Море и на окупираната територија.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнала 379 украински беспилотни летала над 19 руски региони.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
