Background

Иран нападна цели во Кувајт и Бахреин, САД седма ноќ по ред го бомбардираат Иран

Конфликтот меѓу Иран и САД дополнително ескалира, откако Иран изврши нови напади врз цели во Кувајт и Бахреин, додека американската војска седма последователна ноќ продолжи со воздушните операции врз иранска територија.

Кувајтските власти денеска соопштија дека во „непријателски напад“ бил погоден уште еден енергетски објект, кој вклучува електрана и постројка за десалинизација на вода. Во нападот избувнал пожар во дел од комплексот, а неколку генератори биле превентивно исклучени.

Ова е втор ваков објект што е нападнат во Кувајт во последните два дена.

- Advertisement -
Ad image

Министерството за електрична енергија ги повика граѓаните рационално да ја користат електричната енергија, бидејќи нападите се случуваат во период на екстремно високи температури, кога потрошувачката поради климатизација е значително зголемена.

Во меѓувреме, кувајтската армија соопшти дека пресретнала повеќе ракети и беспилотни летала лансирани од Иран.

Поради безбедносната состојба, националниот авиопревозник „Кувајт ервејс“ најави дека поголемиот дел од летовите ќе бидат презакажани, откако привремено беа суспендирани полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром во Кувајт.

Иранската војска соопшти дека нападнала американски цели во Кувајт, Бахреин и Јордан, наведувајќи дека акцијата е одмазда за најновите американски воздушни напади.

Воените власти на Бахреин потврдија дека противвоздушната одбрана пресретнала повеќе ирански ракети и воздушни напади.

Од Бахреин не открија кои локации биле цел на нападите, ниту дали има материјална штета или жртви. Во текот на денот неколкупати се огласија сирените за воздушна опасност низ земјата.

Истовремено, американските воздушни сили седма ноќ по ред изведоа напади врз цели во Иран.

Според Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), погодени биле објекти за надзор, подземни складишта за оружје и друга воена инфраструктура.

„Нападите имаат цел дополнително да ги ослабат воените способности на Иран, по наредба на врховниот командант“, соопшти ЦЕНТКОМ на платформата Икс.

Од друга страна, иранските медиуми јавија дека биле погодени и цивилни објекти.

Иранската државна телевизија ИРИБ извести за експлозии во близина на Сирик, во близина на Ормускиот Теснец, како и во крајбрежниот град Бандар Абас.

Новинската агенција „Фарс“ објави дека биле нападнати мостови во покраината Хормозган, додека државната телевизија „Прес ТВ“ соопшти дека во нападите загинале најмалку три цивили, а уште осум лица биле повредени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation