Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс во моментот на инцидентот со себе имал знаме на Исламската држава, пишува Си-Ен-Ен.
Еден од изворите вели дека повеќе сомнителни експлозивни направи биле пронајдени во сандак во пикапот со кој терористот влета во толпа луѓе, при што уби 10 лица, а повреди над 30.
ФБИ, кое ја води истрагата, соопшти дека го третира инцидентот како „терористички чин“.
Инспекторите ги истражуваат сите можни соработници на осомничениот, како и неговите политички и религиозни ставови. Истражуваат и дали лицето е поврзано со позната терористичка организација.
Според два федерални извори, камионот користен во нападот бил изнајмен.
Полицијата претходно соопшти дека го убиле напаѓачот во престрелка.
Напаѓачот имал голема желба да „предизвика масакр“ на позната улица Бурбон, изјави денеска полицајката Ен Киркпатрик, пренесе Франс прес.
Киркпатрик рече дека нападот не бил спречен и покрај присуството на повеќе од 300 полицајци. Таа додава дека напаѓачот ги заобиколил полициските барикади.
Напаѓачот пукал и кон безбедносните сили, при што ранил двајца полицајци.
– Тој човек, сторителот, пукал во нашите полицајци од своето возило, кога излетал. Нивната состојба е стабилна – изјави Киркпатрик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖