Албанската полиција го уапси осомничениот убиец кој утрово со повеќе убоди од нож уби 20-годишен турист од Португалија, на плажа во Ксамил.
Осомничениот сторител е уапсен од оперативните служби на Управата за локална полиција во Валона, во соработка со службите на силите „Шќопоња“, на заедничкиот контролен пункт поставен на патниот правец Леван-Фиер.
Според полицијата, осомничениот сторител, албанскиот државјанин Сократ Вата(29), од Хас, се криел во багажникот на возило управувано од 31-годишна турска државјанка, додека во возилото како сопатник патувал и 38-годишен турски државјанин.
Осомничениот и двајцата турски државјани се спроведени во Полициската станица Валона за понатамошни процедурални дејствија.
Полицијата соопшти дека странскиот државјанин кој го загуби животот е португалскиот државјанин Луис Мигуел Варела Мендес, роден во 2005 година.
Според медиумите, Вата има долга криминална историја во странство. Претходно бил уапсен и осуден во Велика Британија за голем број сериозни кривични дела, главно шверц на кокаин.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
