Background

Основниот кривичен суд Скопје се соочува со сериозен дефицит на судски службеници и судски поротници

Основниот кривичен суд Скопје се соочува со сериозен дефицит на судски службеници и судски поротници, рече денеска на брифинг претседателката на судот Даниела Димовска.

Истовремено, додаде таа, Судот бележи значајно намалување на бројот на стари предмети и намален тренд на застарување на кривичните предмети.

Во моментов во Кривичниот суд постапуваат 53 судии. Од нив, осуммина се на возраст над 59 години, а петмина веќе ја имаат поминато границата од 64 години. Тоа значи дека во наредните 3 години поголем дел од нив ќе заминат во пензија, а извесно е дека нови судии ќе нема бидејќи во  Академијата за судии и обвинители нема нова генерација.

- Advertisement -
Ad image

Кадровскиот дефицит е уште поизразен кај администрацијата и помошниот персонал. Според систематизацијата, во Кривичниот суд се предвидени 628 работни места, а пополнети се само 208. Во моментов, за редовно функционирање на судот се ангажирани само 18 судски полицајци, 2 технички лица и 7 хигиеничарки.

Во текот на 2026 година се пензионирале 13 вработени, а во периодот од 2020 до 2025 година бројот на службеници се намалил за 131 лице.

Сериозен проблем во организацијата на судењата претставува и недостигот на судски поротници. За непречено функционирање на процесите се неопходни 70 поротници, а во моментов се активни 52, од кои 17 се новоизбрани.

И покрај кадровските предизвици, од Судот информираат за значаен напредок во ефикасноста и совладувањето на заостанатите предмети.

Во август 2025 година имало 896 стари предмети, во август 2026 година овој број е намален на 368 предмети. Под стар предмет се подразбира предмет кој е подолго од 2 години во Судот.

– Тоа е намалување за околу 59% на старите предмети. Значи, покрај ограничени ресурси, мал број вработени, завршивме многу голема работа – рече претседателката Димовска.

​На брифингот беа изнесени и податоци за застареноста на кривичните предмети во последните неколку години. Во 2022 година застареле 16 предмети, во 2023 година – 18, во 2024 година – 26 предмети, а во 2025 година – 20 предмети. За деветте месеци од 2026 година, застарени се 6 кривични предмети.

Причината големиот број застарувања во 2025 и 2024 година е измената на Кривичниот законик.

Во делот на модернизацијата и дигитализацијата, Димовска соопшти дека во тек е процес на електронско поврзување со Агенцијата за катастар на недвижности за поефикасно запишување на хипотеките, а во тест-период е и нова алатка за анонимизација на судските одлуки базирана на вештачка интелигенција (ВИ), развиена во соработка со „Бреинстер“. Со оглед на тоа што во домашната легислатива сè уште не постои законска регулатива за користење на вештачката интелигенција во правосудството, Кривичниот суд најави дека официјално ќе побара дозвола од Судскиот совет за нејзина примена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖