Background

Опасна појава при големи пожари што не може да се предвиди

Француските пожарникари за прв пат се соочуваат со огромните пирокумулонимбуси, познати како огнени облаци, кои се формираат за време на екстремни шумски пожари, додека се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар во југозападниот дел на земјата.

Овие облаци создаваат свои ветрови, па дури и молњи кои можат да предизвикаат нови пожари. Тие се формираат над екстремно моќни пожари и можат дополнително да ги влошат веќе екстремно опасните услови.

Според францускиот истражувач Жан-Батист Филипи, кој ги проучува шумските пожари, тоа е феномен кој се појавил во Франција во последниве години.

- Advertisement -
Ad image

Сè почнува како мал бел облак, кумулус, кој се формира кога водената пареа се кондензира во ситни капки. Како што Сонцето ја загрева земјата, водената пареа брзо се кондензира. Кумулусот расте во многу поголем облак што содржи илјадници тони вода. Кога околниот воздух доволно ќе се затоплли, се формира растечки столб од воздух со карактеристичен облак во облик на наковална – кумулонимбус. Потоа се кондензира уште повеќе воздух и се ослободува дополнителна енергија, при што нагорните струи можат да достигнат брзина од повеќе од 150 километри на час.

На крајот се јавуваат врнежи, но дождот испарува пред да стигне до земјата. Притоа се лади слојот на атмосферата низ кој минува, создавајќи силни воздушни струи насочени надолу.

Ова е честа појава во Португалија, Калифорнија и во Австралија, каде што пожарникарите се многу повеќе навикнати на вакви услови.

Огнените беа ретки во Португалија, сè до катастрофалните пожари во Педрогао Гранде во 2017 година, по што станаа многу почести.

Во Франција, пирокумулонимбусот е сè уште релативно нов феномен. Огнените облаци беа забележани над Ландирас, јужно од Бордо, за време на пожарот во 2022 година, но беа краткотрајни.

– Затоа мора да научиме како да гасиме пожари што создаваат свои ветрови. Тоа е релативно ново искуство за нас – вели Филипи.

Метеоролошките служби можат да предвидат грмотевици. Сепак, бидејќи овие бури се развиваат директно над пожарот, точната локација на пожарот треба да се знае однапред, а тоа е невозможно.

– Можеме да ги предвидиме условите што го фаворизираат појавувањето на вакви пожари, но не можеме однапред да знаеме каде ќе избувнат. Најголемиот предизвик е токму нивната непредвидливост – вели Филипи.

Гардијан пишува дека големите шумски пожари можат да создадат сопствени временски системи, а овие облаци се нивната најопасна форма.

Ако пожарот е исклучително голем и интензивен, столбот чад може да создаде пирокумулонимбус кој се издигнува од 10 до 15 километри во височина и продира во стратосферата.

НАСА ваквите облаци ги опиша како „змејови што блујат оган“.

– Тоа е вистинска бура со грмотевици која настанува во самиот столб чад.Овие системи зафаќаат околу 10.000 кубни километри од атмосферата и затоа имаат огромно влијание – вели Рик Мекреј, вонреден професор на Универзитетот на Нов Јужен Велс.

Кога ќе се формира, пирокумулонимбусот може да создаде силни ветрови кои го забрзуваат ширењето на пожарот на тлото и го прават движењето на огнот непредвидливо. Тоа создава исклучително опасни услови за пожарникарите.

– Појавата на пирокумулонимбс е потврда дека пожарот е исклучително опасен – вели Мекреј, кој 30 години водел операции за гаснење пожари.

Тоа е доказ дека масовните евакуации биле оправдана и неопходна одлука, додава тој.

– Ова е првпат Франција сериозно да мора да го разгледа концептот на пирокумулонимбус. Прашањето не е дали сме го имале пред неколку дена, туку дали нов ќе се појави овој вторник или во среда. Не станува збор само за повисоки температури. Ова се целосни климатски промени. Се менуваат атмосферата, временските услови на тлото и многу други фактори – вели Мекреј.

Пожарите во Европа избувнаа во екот на туристичката сезона, во региони погодени од последователни топлотни бранови.

Шумските подрачја се исушени поради недостигот од дожд, а метеоролозите предупредуваат дека Франција од вторник би можел да ја зафати нов топлотен бран со температури до 40 степени Целзиусови.

– Огромна маса топол воздух ќе се преместува од подрачјето на Чешка во текот на четири или пет дена – предупредува Мекреј.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation