Background

Окружниот суд во Варшава денеска одби да го екстрадира украинскиот нуркач Володимир Ж., кого Германија го сомничи за саботажа на руско-германскиот гасовод Северен поток во Балтичкото Море во 2022 година

Окружниот суд во Варшава денеска одби да го екстрадира украинскиот нуркач Володимир Ж., кого Германија го сомничи за саботажа на руско-германскиот гасовод Северен поток во Балтичкото Море во 2022 година.

Полските власти на 30 септември го уапсија Украинецот, кој живее и работи во Полска, врз основа на европската потерница, со која Германија побара негова екстрадиција.

Но, по судската пресуда 49-годишниот Володимир Ж. е ослободен.

- Advertisement -
Ad image

Треба да се нагласи дека денешната пресуда нема никаква врска со тоа дали осомничениот го сторил кривичното дело за кое Германија го бара, туку само со тоа дали таквото кривично дело може да послужи како основа за потерница. Судот не доби никакви докази. Документот испратен од германската страна содржеше само општи формулации на една страница од А4 формат, се наведува во образложението на Судот.

Премиерот на Полска, Доналд Туск на платформата Икс објави дека судот постапил правилно кога одбил да го екстрадира украинскиот нуркач во Германија и денеска го ослободил.

– Точно. Прашањето е затворено, наведе Туск.

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски изјави дека Полска е подготвена да му даде азил на Володимир Ж.

Претходно и италијанскиот суд во Болоња одби да екстрадира друг Украинец, Сирхиј Кузнецов во Германија, кој е баран поради саботажа на истиот гасовод.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation