Украина ќе добие дополнителна воена помош во вредност од 21 милијарда евра, објавија денеска министрите за одбрана на Велика Британија и Германија, Џон Хили и Борис Писториус на заедничката прес-конференција во НАТО со нивниот украински колега Рустем Умеров по состанокот на министрите за одбрана на 31 земја на Алијансата.
– Постигнавме голем напредок, тоа ќе се одрази на бојното поле оваа година. Украина треба да може да се одбрани за преговорите да доведат до траен и праведен мир – рече Писториус.
Тој предвидува дека мирот не е на повидок во блиска иднина. Објасни дека некои од учесниците поради други обврски на денешната средба се вклучиле