Background

Одбележан денот на адвокатурата и положено цвеќе на споменикот на Петре Пирузе – Мајски

Петре Пирузе – Мајски.
Роден е на 5 мај 1907 година во Охрид. Се запишал на Правен факултет во Белград, каде што се вклучил во револуционерното студентско движење. Потоа работел како адвокатски приправник во Охрид. Од 1941 година бил член и прв секретар на организацијата на КПЈ во градот.
По окупацијата на Југославија и избувнувањето на вооруженото востание во Македонија, бил еден од организаторите на востанието во Дебарца. За време на војната бил командант на Втората оперативна зона и раководител на Народноослободителното движење во Западна Македонија.
Бил член на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и делегат на Второто заседание на Антифашистичко веќе на народното ослободување на Југославија. Исто така бил член на Иницијативниот одбор за одржување на Првото заседание на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија, делегат на неговото Прво заседание и член на Президиумот.
Бил прв повереник за правосудство на Македонија од 1944 до 1945 година и член на Комисијата за изработка на македонската азбука во 1944 година. По формирањето на првата влада на НР Македонија, бил судија на Врховниот суд на Југославија во Белград од 1946 до 1950 година.
Во 1950 година бил обвинет дека е на „линијата на Информбирото“ и издржувал затворска казна на Голи Оток до 1954 година. По излегувањето од затвор, бил рехабилитиран во 1966 година. Работел како правник во Сојузната управа за ветеринарство во Белград. Во 1970 година повторно бил примен за член на СКЈ.
Починал на 12 јануари 1980 година во Охрид.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation