Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла. Кон крајот на денот ќе има локална појава на повремен дожд. Ќе дува слаб, до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до минус 1 степен во Маврово, Битола, Прилеп, Крива Паланка и во Берово. Најтопло ќе биде во Гевгелија со температура до 12 степени Целзиусови.
Од понеделник следува заладување.
Времето ќе биде облачно со повремени врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и ќе има услови повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури.