Од синоќа се расчистуваат најпрометните улици

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопските општини  уште во текот на ноќта почнаа со расчистување на снегот од улиците. Дел од градоначалниците веќе информираа дека ноќеска биле активирани службите.

Општина Центар, како што соопштија оттаму во текот на ноќта ги расчистувала најкритичните  и најпрометните улици.

– Зимската служба започна со расчистување на снегот уште од доцна синоќа, приоритетно на најкритичните локации, како што е подножјето на планината Водно, и на најпрометните улици под надлежност на општината. Со вкупно 4 возила – 2 со плуг и соларка, како и 2 специјализирани возила за отстранување снег, тимовите се на терен од ноќеска и интензивно работат на фрлање сол и расчистување на уличната мрежа, како и на критичните сообраќајни точки – вели градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Општина Гази Баба, пак, активира 4 специјализирани возила за снег, два багери и 50 вработени.

-Граѓаните да бидат спокојни, лично сум на терен со колегите од кризниот штаб и сите оние кои активно работат на расчистување на снегот. Со цел брзо и ефикасно делување, отворивме мобилен пункт во Црешево каде што се доставени количини на сол и ризла и во пунктот е присутна механизација подготвена за делување на терен. Безбедноста во сообраќајот е најважна во вакви временски услови. Како општина правиме се што е потребно да овозможиме непречено одвивање на сообраќајот низ целата општина – вели градоначалникот на оваа општина  Бобан Стефковски.

Акцијата за расчистување на снегот во Гази Баба трае повеќе од 7 часа и досега по улиците на општината се расфрлени повеќе од 30 тони сол и ризла.

Share This Article