Background

Од 1 ноември во Хрватска задолжително е користење дневни светла или соборени фарови при возење преку ден

Возачите од Македонија кои патуваат во Хрватска, како и сите што патуваат низ оваа земја со автомобил мора да го знаат ново правило во сообраќајот. Од 1 ноември во оваа земја е задолжително користење дневни светла или соборени фарови при возење преку ден. Посебни правила има и за мотоциклистите и за велосипедистите. Непочитувањето на правилото се казнува со 30 евра.

Правилото важи за сите моторни возила, додека мотоциклистите и возачите на мопеди мора да користат соборени светла во текот на целата година.

Според хрватскиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, дневните светла или соборените фарови мора да бидат вклучени на моторните возила за време на возење преку ден во периодот од 1 ноември до 31 март. Непочитувањето на правилото за возачите на автомобили се казнува со 30 евра

- Advertisement -
Ad image

За мотоциклите и мопедите важи различно правило. Нивните возачи се должни да ги имаат вклучени соборените фарови за време на возењето преку ден во текот на целата година, а не само во зима. И за овој прекршок е предвидена казна од 30 евра.

Посебни правила има и за велосипедистите и корисниците на лесни електрични возила, вклучително и на возачите на електрични скутери. Според прописите, од првиот самрак до полна зора, како и во текот на денот кога видливоста е намалена, на велосипедите и електричните скутери мора да биде вклучено бело светло на предниот дел од возилото и црвено светло на задниот дел од возилото. Непочитувањето на оваа обврска е предмет на казна од 60 евра.

Овие правила се особено важни во текот на есенските и зимските месеци, кога порано се стемнува, а маглата, дождот и другите временски услови можат дополнително да ја намалат видливоста на патиштата.

Посебно предупредување важи за сопствениците на понови автомобили кои имаат систем за автоматски дневни светла. Имено, кај одредени модели, дневните светла го осветлуваат само предниот дел од автомобилот, додека задните светла остануваат исклучени. Ова може да биде проблем при возење во магла, силен дожд и други услови на намалена видливост. Дневните светла првенствено се користат за да го направат автомобилот повидлив за другите учесници во сообраќајот, но тие не се замена за кратки светла кога се потребни.

Затоа полицијата им советува на возачите кои патуваат во Хрватска да проверат како функционира автоматскиот систем на нивното возило и рачно да ги вклучат кратки светла доколку е потребно.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖