Background

Од 1 декември се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години

Од 1 декември  се намалува максималниот рок за отплата на станбените кредити од 30 на 25 години, а на хипотекарните потрошувачки кредити од 20 на 15 години, соопшти Народна банка откако ги усвои измените на правилата за кредитирање.

Со ова правило, како што соопшти Народна банка, не се опфатени кредитите за прво купување сопствено живеалиште. Рокот за отплата овие кредити останува 30 години,

Народна банка истовремено за 5 процентни поени го намали и максималниот процент на таканаречен ДСТИ показател ( Debt Service To Income) кој го покажува соодносот меѓу отплатата на долгот и приходот. Тој покажува колку проценти од вашите месечни приходи одат за отплата на постоечките и новите кредитни обврски (рати за кредити, лизинзи, кредитни картички). Сега тој ќе изнесува 45%, наместо досегашните 50% за кредитите во денари и 40% наместо 45% за кредитите со валутна компонента.

- Advertisement -
Ad image

За кредитите за прво купување сопствено живеалиште лимитите остануваат непроменети – 50% за денарските кредити и 45% за кредитите во странска валута.

Според Народна банка целта на овие измени во однос на станбените кредити, е превентивно да се ограничат ризиците од прекумерно задолжување на домаќинствата и да се придонесе за одржливо кредитирање и финансиска стабилност. Притоа им се дава поповолен третман за граѓаните кои првпат купуваат сопствено живеалиште.

-Измените се донесуваат во услови на здрав и стабилен банкарски систем, без присутни системски ризици, при што квалитетот на кредитното портфолио на физичките лица и понатаму се подобрува. Истовремено, кредитната активност кон физичките лица продолжува да расте. Во првото полугодие од 2026 година, годишниот раст на кредитите на физичките лица достигна 12,2%, наспроти 11,2% во 2025 година. Највисок раст е забележан кај станбените кредити, од 16,6% – велат од Народна банка.

Народната банка за првпат ги воведе овие макропрудентни мерки во јули 2023 година, а нивната поставеност дополнително се зајакна од декември 2025 година. Досегашните податоци покажуваат подобрување на структурата на новото кредитирање, со намалување на кредитирањето на домаќинствата со повисок должнички товар.

– Оттука, дополнителното воведување мерки има превентивен карактер и е насочено кон навремено ограничување на потенцијалните ризици од прекумерно задолжување, пред да се остварат. Со мерките се задржува и поповолниот регулаторен третман за граѓаните кои првпат купуваат сопствено живеалиште, имајќи ја предвид специфичната намена на овие кредити – велат од Народна банка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖