Background

Обвинителството и полицијата добро соработуваат, за разлика од претходно

Од изјавите на државните органи се гледа дека имаме сериозен пристап во оваа истрага, со голема екипа обвинители од повеќе јавни обвинителства, вели професорката Марина Малиш Саздовска од Факултетот за безбедност, во врска со тоа како постапуваат надлежните по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 лица.

– Според законот, истрагата ја води Јавното обвинителство. Се забележува дека постои одлична соработка со МВР, што е неминовно во однос на прибирањето докази, но за разлика од претходно, таа соработка за овој случај навистина задоволува – вели Малиш Саздовска во гостување на Канал 5.

Ова е комплексна истрага, додава таа, затоа што во сите кривични дела во кои се вклучени екплозии, опасни материи, кога има опожарување на местото на настанот, тешко е да се изврши квалитетен увид затоа што трагите се изгорени.

- Advertisement -
Ad image

– Но, постапено е благоврмено, што значи дека МВР го почитува првото начело на работа во криминалистиката, начелото на оперативност, односно брзина на постапување. Брзо и навремено беше излезено на местото на настанот. Исто така, одделот за форензичка истрага е на увид и очекуваме дека ќе биде квалитетно завршено, со собрани материјален траги – вели таа.

Таа додава дека инспекторите од надлежните инспекти ги истражуваат, лиценците, одобренијата, односно, се врши увид во документацијата, за да се потврдат сомневањата кои досега се појавија.

– Досега се постапува професионално, учествуваат МВР, Пазарниот инспекторат, Министерството за економија, Дирекцијата за заштита и спасување и сите кои биле субјекти во издавањето на дозволите. Тоа дополнително ја отежнува истрагата. Не е само еден надлежен орган, но, може да се забележи посветеност и волја да бидат откриени сторителите на ова кривично дело и да биде задоволена правдата – вели Малиш Саздовска.

Таа додава дека сите државни службеници се должни да го поитуваат начелото на законитост.

– Тоа значи дека секој има свои надлежности и законски овластувања и никој не смее да излезе од нив. Секој што ќе направи казнено поведение, ќе одговара – вели таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation