Background

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски денеска ја напуштил Македонија, откако вчера Основниот суд во Струга му го врати пасошот

Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски денеска ја напуштил Македонија, откако вчера Основниот суд во Струга му го врати пасошот.

Марковски, сопственик на „Марковски компани“ е првообвинет во предметот со злоупотреби при јавни набавки во РЕК „Битола“, во кој се обвинети уште 7 физички лица и едно правно лице, од кои петмина се директори и раководители на подружници во комбинатот.

Тој денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но бидејќи против него немало активна мерка што би го спречило да ја премине државната граница, бил пуштен кон Србија, објави 360 степени.

- Advertisement -
Ad image

Медиумот додава дека неофицијално, Основното јавно обвинителство Струга се противело на враќањето на пасошот, но позитивно мислење стигнало од Вишото јавно обвинителство Битола, со кое раководи Пецо Везироски.

Марковски поседува компании и друг имот во Србија. Враќањето на пасошот не е првата контроверзија поврзана со судскиот процес против него, со оглед на тоа дека Судскиот совет констатирапе дека во Основниот суд Битола бил составен „посакуван кривичен совет“ за газдата на „Марковски компани“ да излезе од притвор.

Тој излезе од притвор во јануари годинава, откако даде гаранција дека нема да бега во вредност од речиси 5 милиони евра во недвижен имот и движен имот, односно куќа и три стана, како и 25 булдожери и камиони. Битолскиот суд, и покрај противењето на битолското обвинителство, тогаш му одреди мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот, а пасошот привремено му беше одземен.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека мерките за забрана за напуштање на државата ги определува надлежен суд или друг надлежен орган, а полицијата постапува исклучиво по донесени и активни одлуки евидентирани во службените системи.

Марковски и седум други лица се обвиети за кривични дела поврзани со јавна набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Иако опремата воопшто не се планирала за во Битола, бил спроведен тендер, потпишан договор во висина од околу 1,7 милион евра, а неговата компанија „Марковски компани“ како добитник ги демонтирала машините од Кичево, ги донела во Битола и ги оставила немонтирани во кругот на РЕК „Битола“.

Претседателот на Основниот суд во Струга, каде што се суди предметот, Вулнет Винца, вчера за медиумите изјави дека пасошот на обвинетиот Борче Марковски му е вратен со одлука на судот бидејќи има приложено гаранција во вредност од над 5 милиони евра.

– Според законот, не може да се земе и гаранција во имот и да биде одземен пасошот. Или едното или другото – рече судијата Винца за „Независен“.

Судењето првично почна во Основниот суд Битола, а во меѓувреме беше префрлено во Основниот суд Струга, по одлука на Апелацискиот суд во Битола.

Првото рочиште во Струга, закажано за 24 јуни, беше одложено бидејќи еден од обвинетите го сменил адвокатот, кој побарал дополнително време за увид во обвинителниот акт.

Новиот почеток на судењето е закажан за 2 септември.

Според обвинението, во 2023 година повеќе директори и раководители во РЕК „Битола“, заедно со Борче Марковски и уште две лица од „Марковски компани“, извршиле злоупотреби при јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Обвинителството тврди дека тендерот бил спроведен со предимензионирани услови, со што била фаворизирана „Марковски компани“ како единствен понудувач за договор вреден 1,7 милион евра.

Компанијата, како што се вели во обвинението, наплатила средства врз основа на невистинита документација за наводно завршени работи, иако дел од опремата не била монтирана. Со меѓународна правна помош, Обвинителството обезбедило 1,2 милион евра, 1 000 швајцарски франци, три златни монети и една златна плочка од банкарски сеф во Белград, а замрзнат е и дел од имотот на компанијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation