Меган Маркл се врати на социјалните мрежи, а потоа откри дека наскоро ќе можеме да ја гледаме во нејзината емисија за готвење. Не сите се воодушевени од оваа вест.
Меган Маркл наскоро ќе се врати на малите екрани во сопственото кулинарско шоу наречено „Со љубов, Меган“. Серијата доаѓа на Нетфликс на 15-ти јануари.
Бројните кралски фанови не беа воодушевени од оваа вест, пренесува dnevnik.hr.
„Ова е толку погрешно“, „Се надевав дека не е вистина, но е…“, „Познавам многу жени кои готват професионално, па дури и подобро од тоа што се обидуваш да го претставиш. Нивната презентација за готвење храна и домашниот живот е попрофесионална од вашата“, „Никој не се грижи. Направете нешто добро без постојано да го привлекувате вниманието кон себе, тоа е вистинска великодушност“, напишале на Инстаграм, но не под нејзината објава затоа што ги отстранила коментарите таму.
На некои не им се допадна ни нејзиниот опис на нејзиниот Инстаграм профил, каде пишува дека е војвотката од Сасекс.
„Мислам дека би можела да добие поголема почит доколку се откаже од титулата“, гласеше коментарот.
Реакции на новото кулинарско шоу на Маркл споделија и бројни корисници на X, пишува Daily Mail.
„Ова дефинитивно ќе го прескокнам“, „Навистина изгледа лошо“, „Попрво би го гледал растението како расте“, „Се прашувам која е целната публика? Жени кои имаат многу пари и време?“, „Малкумина можат да си го дозволат ова“, „Цвеќето во коцки мраз е интересно, но околу 0,0001% од населението би го направиле ова. Еднаш“, „Сега како ден е јасно дека не сакала да го напушти кралското семејство поради приватност, сакала повторно да биде ѕвезда“, е дел од коментарот.