Таканареченото нуклеарно куферче на рускиот претседател Владимир Путин привлече внимание на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во кинескиот град Шенжен. Руската државна телевизија објави снимка на која офицер од претседателската придружба носи црна актовка, а на прашањето дали станува збор за нуклеарниот куфер, тој одговори потврдно.
Снимката, која ја пренесе и „Ал Џезира“, беше објавена на 18 ноември, пред најавената средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Не е првпат мистериозната актовка да се појави на снимка. Куферче беше снимено и во октомври 2023 година, кога Путин присуствуваше на форумот „Појас и пат“ во Пекинг, придружуван од двајца офицери со актовки.
Иако популарно се нарекува „нуклеарно копче“, уредот всушност не содржи копче со кое претседателот непосредно би лансирал ракети. Познат под името „Чегет“, тој претставува пренослив комуникациски терминал што го поврзува рускиот претседател со воениот врв и со системот за командување со стратегиските нуклеарни сили.
Преку заштитената врска, претседателот може да пренесе наредба за употреба на нуклеарно оружје до воената команда. Самото лансирање се спроведува преку посебен воен команден систем, а не со притискање копче во актовката.
„Чегет“ е дел од поширокиот руски систем „Казбек“, а вакви терминали имаат и највисоките воени команданти. Куферчето го придружува претседателот и при патувањата во странство, за да може да одржува командна врска независно од местото каде што се наоѓа.
Tagged as:
„НУКЛЕАРНОТО“ КУФЕРЧЕ ПАК Е СО ПУТИН ВО КИНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
