Новороденче во Полска било примено во болница со повеќе од еден промил алкохол во крвта, откако неговата 36-годишна мајка консумирала алкохол непосредно пред породувањето. На жената ѝ биле измерени 1,6 промили алкохол во крвта, а социјалните служби веднаш ѝ го одзеле бебето.
Инцидентот се случил во градот Озоркув, а случајот предизвика големо внимание во јавноста.
Според полскиот портал „TVN24“, 36-годишната жена се породила дома на 1 јули. Нејзиниот партнер веднаш повикал Итна медицинска помош, по што новороденчето било пренесено на Одделот за неонатологија во болницата во Згјеж.
Директорот на болницата изјавил дека лекарите останале затечени кога ги добиле резултатите од анализите.
– Можам да потврдам дека при приемот детето имало повеќе од еден промил алкохол во организмот. Кога пристигна кај нас, концентрацијата веќе почнала постепено да се намалува – изјавил директорот на болницата.
По пет дена лекување, новороденчето било префрлено во Меморијалната болница „Полска мајка“ во Лоѓ, а лекарите соопштиле дека неговата општа здравствена состојба, за среќа, е добра.
Дополнителен шок предизвикал резултатот од алкотестирањето на мајката. При приемот во болница кај неа биле измерени дури 1,6 промили алкохол во крвта.
Случајот веднаш бил пријавен во Центарот за социјална работа во Озоркув, а на 10 јули на жената официјално ѝ биле одземени родителските права над новороденчето.
Полските медиуми наведуваат дека ова не е прв случај на занемарување на децата од страна на 36-годишната жена. Нејзините три постари деца претходно веќе биле сместени во згрижувачки семејства.
Надлежните институции ја упатиле жената на задолжително лекување од алкохолизам, додека истрагата за случајот продолжува.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
