Музичката ѕвезда Петар Грашо ретко зборува за својот приватен живот, но неодамна, во интервју за црногорска телевизија сподели симпатична анегдота за неговата тригодишна ќерка Алба која ги насмеа сите.
Гостувајќи на ТВ Е, тој раскажа како неговата мала ќерка Алба расте опкружена со познати музичари, па тоа е за неа нешто сосема нормално.
Како што вели, Алба сè уште не разбира дека луѓето што доаѓаат во нивниот дом се големи музички имиња.
– Таа мисли дека секој што доаѓа во нашата куќа, дека е нормално што е познат. Здравко Чолиќ беше пред неколку месеци, Јелена Розга, Нина Бадриќ… За неа е сè тоа онака… Таа не разбира дека луѓето што се тука, на телевизија, за неа е сè нормално. Пред неколку месеци кај нас дома дојде Здравко, се дружевме малку. Алба има три и пол години, не знае ништо… Во еден момент Здравко почна да пее нешто и таа само излезе од куќата и рече: „Те молам, престани да пееш, гледам цртан филм!“
Јас го обожавав Здравко кога имав четири години, тој беше мој Бог. И му велам јас нему: Да ми пееше мене дома кога имав четири години, ќе умрев, а види го ова мало „дерле“ како те брка, таа не знае… Во секој случај е слатка. Тоа беше убава вечер – раскажа тој низ смеа.
Музичарот се осврна и на воспитувањето на децата и откри какви принципи следат тој и неговата сопруга Хана Хуљиќ Грашо како родители.
– Ние нема да бидеме едрото, ние ќе бидеме ветерот во едрото, а таа ќе мора сама да го крене едрото, сама да го спушти и да го управува тој брод. Мислам дека тоа е единствениот начин на кој ќе научи и ќе може да преживее – рече тој.
Tagged as:
Хрватскиот пејач раскажа симпатична анегдота за Алба и Чола
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
