Background

Ново здружување на филхармониите од регионот

Националната филхармонија, заедно со Софиската и со Солунската филхармонија, на 17 февруари во салата на НДК во Софија ќе ја изведат сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров.

Како што соопштија од Филхармонијата, овој проект беше договорен кон средината на минатата година на иницијатива на маестро Тодоров како своевиден симбол на културната соработка во регионот.

„На концертот на 17 февруари, сцената ќе ја делат музичари и солисти од трите земји, а првичната идеја е овој концерт да се повтори и во Скопје и Солун. Како солистка ќе настапи нашата сопранистка со интернационалната кариера – блескавата Ана Дурловски, грчкиот тенор Николас Спанос и бугарскиот баритон Иво Јорданов (Бугарија)“, наведуваат од Филхармонијата.

- Advertisement -
Ad image

Ова не е првпат, музичарите од балканските земји да реализираат заеднички проект. Во 2000 година, како што се посочува, на иницијатива на Македонската филхармонија се реализираше проектот Балканска филхармонија во која учествуваа музичари од сите балкански земји. Балканската филхармонија одржа три концерти во Скопје.

„Првиот концерт беше во 2000 година под диригентство на маестро Емил Табаков, а беше изведена Бетовеновата Деветта симфонија. Тогаш како солисти настапија Марија Муратовска-Наумовска, сопран од Македонија, Александра Милчева, мецосопран од Бугарија, Мариус Влад, тенор од Романија, и Адријан Ибраими, бас баритон од Албанија. Во изведбата учество земаа и Хорот на Македонската опера и балет, како и Хорот при Македонската радио-телевизија. За првиот концерт за Балканската филхармонија во Скопје беше снимен и долгометражниот документарен филм „Радост на животот“ во режија на Светозар Ристевски, кој ја доби и првата награда на фестивалот во Визбаден, Германија, а беше награден и на фестивалот „Земјата на виното“ во Калифорнија во 2002 година“, потсетуваат од Филхармонијата.

Во 2001 се одржа и вториот концерт на Балканската филхармонија, на сцената на Универзалната сала во Скопје на кој беа изведени Симфонијата бр.2 „Барбара“ од македонскиот композитор Властимир Николовски и симфониската поема „Ѕвона“ од Сергеј Рахмањинов. Третиот концерт на Балканската филхармонија се одржа во 2002 година, а беше изведена маестралната Симфонија бр.2 „Воскресение“ од Густав Малер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation