Background

Нови урагански ветрови со брзина од 65 километри на час се најавени во текот на денот во Лос Анџелес каде што за неполни 48 часа избија 6 шумски пожари

Нови урагански ветрови со брзина од 65 километри на час се најавени во текот на денот во Лос Анџелес каде што за неполни 48 часа избија 6 шумски пожари. Додека повеќе од 137.000 луѓе ги напуштија своите домови, 2.000 градби остануваат уништени, цел кварт во Холивуд е опустошен, а вкупната опожарена територија се проценува на повеќе од 8.000 хектари.

Нема ниту вода за пиење бидејќи е загадена, а квалитетот на воздухот е на опасно високо загадувачко ниво, јавува Би-Би-Си. Огнените јазици однесоа најмалку пет жртви.

Гори во близина на познатиот симбол на Холивуд. Гори на булеварот Сансет. Познати ѕвезди и јавни личности од САД останаа без покрив над главите. Претседателот Џо Бајден го откажа патувањето во Италија, а откажана е и церемонијата на Оскарите.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Силните ветрови и сувите услови го отежнаа справувањето со пожарите. Еден шеф на противпожарната служба во Лос Анџелес изјави за Би-Би-Си дека има „нула шанси“ да се локализираат пожарите.

На социјалните мрежи се коментира дека ова лесно може да се нарече и „пекол на земјата“.

Иако ветровите се намалија во Санта Ана во текот на ноќта, се чини дека допрва претстои битка со пламените јазици.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation