Background

Нови сведоштва ја откриваат драмата во авионот  на „Флај Дубаи“ кој за околу 90 секунди изгубил приближно 5.500 метри височина – патниците го совладале копилотот и го врзале со тоа што им било при рака

Нови сведоштва ја откриваат драмата во авионот  на „Флај Дубаи“ кој за околу 90 секунди изгубил приближно 5.500 метри височина – патниците го совладале копилотот и го врзале со тоа што им било при рака.

Еден од преживеаните, кој учествувал во совладувањето, за i24NEWS раскажа дека немале со што друго да го врзат напаѓачот освен со кабелот од слушалките во кабината, а дека лисиците стигнале дури подоцна.

– На крајот ми дојде идеја да го врземе со кабелот од слушалките во авионот. Тогаш го врзавме, немавме друг избор. Дури потоа ги донесоа лисиците. Тоа ми беше единственото нешто на ум, некако да го врзам за да не прави проблем. Тој викаше: „Убиј, убиј ме“ – раскажа преживеаниот на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

- Advertisement -
Ad image

На средбата присуствувал и Израелецот Јанив Хајун, патникот кој го крена авионот со еден потег на рачката од авионот. Хајун го прашал дали копилотот зборувал на англиски, сведокот одговорил дека тоа бил единствениот јазик што го слушнал од него.

– Тој зборуваше само на англиски. Многу интересно – рекол преживеаниот.

Додека во кабината траела борбата, авионот нагло губел височина. Податоците за летот покажуваат пад од приближно 5.500 метри, за околу 90 секунди, додека во авионот имало повеќе од 170 луѓе.

„Нејќев да дозволам други да умрат“

Ново сведоштво сега даде и човекот чиј потег им овозможил на другите да стигнат до пилотската кабина. Индискиот капетан Смит Мачар кој бил прв што му ја отворил врата на Хајун и на преживеаниот сведок беше прогласен за херој од страна на премиерот на Индија Нарендра Моди и од Нетанјаху.

Во разговор со Моди во живо, пилотот раскажа дека веќе бил повреден и лежел на подот кога сфатил дека авионот тоне и дека мора уште еднаш да се обиде да ја отвори вратата.

– Лежев на подот повреден, но си реков да се обидам уште еднаш да ја отворам вратата одвнатре – рече Мачар во видеоповик со индискиот премиер Нарендра Моди.

Тој успеал да ја отвори вратата, по што други луѓе влегле во кабината и помогнале копилотот да биде совладан. Токму отворањето на зајакнатата врата подоцна беше издвоено како еден од клучните моменти во драмата.

– Други влегоа и исто така одиграа улога во контролирањето на ситуацијата. Секако дека се борев за сопствениот живот, но во исто време знаев дека нема да дозволам другите да умрат – рече Мачар.

Летот FZ1073 летал од Дубаи кон Тел Авив кога избувнал инцидентот во пилотската кабина. Авионот испратил сигнал за итна состојба, а потоа и код 7500, кој означува незаконско мешање или киднапирање.

Откако копилотот бил совладан, други пилоти кои се наоѓале во авионот помогнале да се преземе контролата, а леталото безбедно слетало во Табук, во Саудиска Арабија. Мотивот за нападот сè уште официјално не е утврден и истрагата продолжува.

Водоводџијата кој гледал ТВ серии

Американскиот претседател Доналд Трамп подоцна раскажа дека деталите за драмата лично ги слушнал од Нетанјаху. Во неговата верзија посебно место има Израелецот Хајун кој ја кренал рачката на авионот за да го врати на вистина.

Трамп го опиша Хајун како водоводџија и кој влегол во кабината, помогнал во совладувањето на копилотот и потоа ги фатил командите на авионот.

Трамп зборуваше и за можен терористички мотив и поврзаност на копилотот со Иран. Истрагата сè уште не утврдила што стоело зад нападот. Истрагата го идентификува осомничениот напаѓач за жител на Оман.

Хајун и самиот пред Нетанјаху кажа дека ги повлекол командите како што видел во познатото ТВ-шоу „Мејдеј“, пред други пилоти да ја преземат контролата.

„Флај Дубаи“ по инцидентот „Флај Дубаи“ по инцидентот ги суспендираше сите летови кон и од Израел додека трае истрагата. Суспензијата веќе остави околу 1.800 патници без планираните летови, поради што израелските власти одобрија специјални летови за нивно враќање од Дубаи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖