Нови големи промени на Фејсбук и на Инстаграм

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Компанијата „Мета“, која ги опфаќа платформите Фејсбук, Инстаграм и Тредс, ќе направи значајни промени во своите политики, вклучително укинување на услугите на фактчекерите и намалување на цензурата, изјави нејзиниот основач Марк Закерберг.

Според британскиот весник „Гардијан“, Закерберг најавил дека овие промени ќе стапат на сила, почнувајќи од САД, со фокус на зајакнување на слободата на говор.

Во видео порака, Закерберг објаснил дека овие чекори ќе бидат преземени за да се одговори на критиките дека „фактчекерите се политички пристрасни и создаваат недоверба наместо да ја градат“.

На нивно место, компанијата ќе воведе механизми за ангажман на корисниците за да обезбедат контекст и информации за спорните објави, слично на пристапот што го користи платформата Икс, сопственост на Илон Маск.

Закерберг потврдил дека тимовите за модерирање на содржини ќе бидат преселени од Калифорнија во Тексас, каде што, според него, има помалку притисоци за работењето на компанијата. Притоа, тој призна дека новите политики може да доведат до помала ефикасност во отстранувањето на несоодветни содржини, но ја истакнал важноста на „послободен дискурс“ на платформите.

„Мета“ ќе ги олабави рестрикциите за теми како имиграцијата и родовите прашања, кои, според Закерберг, се подалеку од мејнстрим дискурсот. Компанијата ќе соработува со претседателот Доналд Трамп за да се спротивстави на законските ограничувања на слободата на говор во различни делови од светот.

Закерберг ја критикувал Европа за „растечки број закони кои институционализираат цензура“, што, според него, ја отежнува иновацијата и развојот на дигиталните платформи.

„Мета“ моментално има повеќе од три милијарди корисници на глобално ниво. Со овие промени, компанијата очекува да го зајакне својот отпор кон ограничувањата што ги наметнуваат владите и да го поттикне плурализмот на своите платформи.

Новите политики се дел од пошироките напори на Закерберг да го реобликува дигиталниот пејзаж, поставувајќи ја „Мета“ како лидер во поддршката на слободниот говор.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article