Background

Новата регионална музичка ѕвезда продолжува со многубројни концерти и емотивни настапи

По јубилејниот десетти концерт во белградскиот Сава центар, Јаков Јозиновиќ беше целосно преплавен од емоции, пишуваат српските медиуми.

– Феноменот од Винковци ја заврши вечерта исполнета со хитови многу емотивно – на самиот крај Јаков не можеше да ги задржи емоциите пред преполната сала – пишува Блиц.

Имено, Јаков им се заблагодарил на сите што доаѓаат на неговите концерти, а потоа најавил концерт и во Белградската арена и се расплакал пред публиката.

- Advertisement -
Ad image

– Благодарен сум што толку многу луѓе дојдоа на овие десет концерти во Сава центарот. Сите имате некои обврски, сите бегате од испити за да стигнете на концертот, ја напуштате работата, ги оставате вашите деца за да дојдете на концерт. Секој пат ми оставате пораки и на крајот, најголемата љубов. Ќе се обидам да не плачам, но ова е сè за што сонував. Љубовта што ми ја дадовте е неопислива. Ви благодарам за тоа. Сонував за оваа сцена и публика и ја добив – рекол Јозиновиќ, а потоа најавил уште еден голем концерт во Србија:

– Кога настапував во салата МТС, го најавив Сава Центар. А сега, на десеттиот концерт во Сава Центар, ја најавувам белградската Арена. Како да се разделувам од девојката, го напуштам Сава Центар и одам во Арена. Ви благодарам за сите десет прекрасни концерти – заклучил емотивниот Славонец.

Претходно, во април, регионалната сензација Јаков Јозиновиќ го одржа својот прв концерт во Македонија, а настапот во скопската арена „Јане Сандански“ помина пред повеќе од 5.000 луѓе, кои во еден глас ги пееја песните заедно со него. Јаков најмногу ги пееше хрватските верзии од песните на Тоше за кои кажа дека ги слушал додека растел. Во еден момент, понесен од атмосферата, клекна на колена и ѝ се поклони на публиката.

– Вие сте најдобрата публика досега. Ова е неверојатно. Не можам да поверувам што ми се случува. Кога пред три години првпат дојдов во Македонија не ме знаеше никој, а денес повеќе од 5.000 луѓе сте тука и пеете со мене – рече Јозиновиќ кој на самиот крај од концертот, емоциите целосно го совладаа – Јаков го сокри лицето, се фати за глава и се расплака на сцената.
Па сега, наместо да прашуваме кога ќе има следен концерт, посоодветно е да прашаме – кога ќе плаче пак Јаков Јозиновиќ во Скопје?

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation