Носел експлозив, прегази 10 луѓе, ФБИ вели – тоа не е терористички напад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата го убила напаѓачот кој во новогодишната ноќ во Њу Орлеанс со пикап камионет влета во толпа луѓе и уби 10 лица, а повреди над 35.

Според полицијата, тој се обидел да убие што е можно повеќе луѓе.

Напаѓачот имал голема желба да „предизвика масакр“ на позната улица Бурбон, изјави полициската службеничка Ен Киркпатрик, пренесува агенцијата Франс прес.

Киркпатрик рече дека нападот не бил спречен и покрај присуството на повеќе од 300 полицајци.  Таа додава дека напаѓачот ги заобиколил полициските барикади.

Напаѓачот пукал и кон безбедносните сили, при што ранил двајца полицајци.

– Тој човек, сторителот, пукал во нашите полицајци од своето возило, кога излетал. Нивната состојба е стабилна – изјави Киркпатрик.

Федерален полицаец за Си-Ен-Ен изјавил дека осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов.

– Индициите се дека осомничениот делувал намерно – изјави тој.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, Ла Тоја Кантрел инцидентот го нарече „терористички напад“. Но, ФБИ, кое ја презеде истрагата, соопшти дека не се работи за терористички напад. ФБИ додаде дека на местото на настанот е пронајдена импровизирана експлозивна направа.

- Advertisement -
Ad image

Нема информации за идентитетот на напаѓачот. Моментно се истражува неговиот мотив за ужасното злосторство.

Американскиот претседател Џо Бајден е информиран за инцидентот, соопшти Белата куќа. Во соопштението се додава дека претседателот е во контакт со градоначалничката на Њу Орлеанс, за да понуди поддршка.

Нападот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава, околу 3:15 часот по локално време. Таа улица е позната по бројните барови и клубови.

- Advertisement -
Ad image

На социјалните мрежи се објавени видеа од улицата улицата на кои се гледаат тела облеани во крв.

На 21 декември се случи сличен напад во германскиот град Магдербург, кога лекар со арапско потекло со џип влета во луѓе за време на божикен базар и уби петмина, а повреди над 200 луѓе.

Share This Article