До крајот на следната година автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов. Тоа денеска од Охрид го истакна вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој имаше средба со раководството на компанијата „Костал Македонија“.
Николоски и во оваа прилика посочи на лошо проектираниот зафат за автопатско поврзување чија траса, како што нагласи, минува низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели, објекти што не може да бидат подложни на експропријација. Тоа прашање, како што рече, ќе се решава со законско решение што е во процедура на донесување, легислатива што е веќе усвоена од Владата и наредната седмица ќе биде доставена до Собранието на усвојување.
За проблемите со свлечиштата што многупати беа посочувани како причина за одолговлекувањето на проeктот тој рече дека се ангажирани странски експерти, а решенијата што ќе бидат понудени од нив ќе бидат соопштение на јавноста.
Што се однесува на конечната цена на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, Николоски рече дека ќе направи се да не се излезе од последната проектирана рамка.
– Токму тоа е причината зошто инсистирам зафатите да се завршуваат во предвидената рамка. Доколку не работите во рамки на рокот тогаш инфлацијата го прави своето и тогаш доаѓа до многу повисока цена од договорената – рече тој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
