Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека во денешниот телефонски разговор со претседателот на Франција, Емануел Макрон, оценил дека создавањето на палестинска држава ќе претставува „огромна награда за тероризмот“ и ќе доведе до постоење на ентитет под управа на екстремисти, на само неколку километри оддалеченост од израелските градови.
Макрон изјави дека за време на разговорите повикал на нов прекин на огнот, ослободување на заложниците и обновување на испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа, што Израел го спречува повеќе од еден месец.
Минатата недела Макрон рече дека целта на Париз треба да биде признавање на палестинска држава до јуни, кога Франција и Саудиска Арабија ќе бидат домаќини на меѓународна конференција за спроведување на резолуцијата за постоење на две држави – палестинска и израелска.
Неколку европски земји неодамна ја признаа палестинската држава, што е симболичен потег насочен кон враќање на мировниот процес, според АП.