Немале дозвола за техничари, а земале 20% додаток на плата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици иако знаел дека не поседуваат соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар им овозможил на три лица вработени во МВР како главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР.

Против него е поднесена кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција. Поранешниот началник Н.А. од Куманово се товари поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Пријавениот, како поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици, со искористување на својата службена положба и овластување нецелосно ја прикажал фактичката состојба за поседување на соодветна важечка дозвола за воздухопловен техничар со уредно впишано важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов со што им овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20% од денот на нивното засновање на работен однос во МВР.

Пријавениот, иако знаел дека воздухопловните техничари поседуваат важечка дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале успешно завршена обука за конкретен тип воздухоплов според соодветна програма и немале впишано важечко овластување за конкретен тип воздухоплов, овозможил да им биде исплатуван додаток на плата од 20% од моментот на засновање на работниот однос во МВР, спротивно на одредбите од Колективниот договор на МВР.

На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист од 926.486 денари и за тој износ бил оштетен буџетот на МВР. Против Н.А., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работно место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Share This Article