Background

НЕКОЈ ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР И НА ШАР ПЛАНИНА

Пожар избил вчера на територијата на Националниот парк Шар Планина, на местото викано Виноград, помеѓу селата Ѓурѓевиште и Ломница.

Пожарот зафатил околу 0,5 хектари ниска вегетација и пасиште.

– За среќа, не е причинета поголема материјална штета. Но во услови на високи температури и исклучително сува вегетација, секој мал пожар за само неколку минути може да прерасне во сериозна закана за шумите, природата и населените места во близина. Особено загрижува фактот што пожарот можел да се прошири кон тешко пристапни делови на Шар Планина, каде интервенцијата од земја е исклучително тешка, а во одредени ситуации и невозможна без поддршка од воздух – велат од Националниот парк Шар Планина.

- Advertisement -
Ad image

Според првичните сознанија, причината за пожарот е човечки фактор, а увид на местото извршиле полициски службеници.

Катастарски, опожарената површина е евидентирана како пасиште со кое управува Јавното претпријатие за пасишта, а се наоѓа во границите на Националниот парк Шар Планина.

– Упатуваме голема благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување и до противпожарните единици од Гостивар, Боговиње и Тетово, кои со заедничка и навремена интервенција успеаја пожарот да го локализираат околу 22:00 часот. Но ова е сериозно предупредување за сите нас. Во период кога на повеќе места низ државата истовремено има активни пожари, ресурсите за справување со нив се ограничени. Не можеме да очекуваме дека воздухоплови и дополнителни сили ќе бидат достапни за секој пожар предизвикан од неодговорно однесување на поединци. Затоа уште еднаш апелираме: Не палете оган на отворено, не фрлајте отпушоци од цигари, не преземајте никаква активност што може да предизвика искра или пожар – нагласуваат од НП Шар Планина.

Оттаму апелираат доколку граѓаните забележат чад или оган, да пријават веднаш, додека пожарот сè уште може брзо да се локализира.

– Апелот го упатуваме до сите – посетители, планинари, земјоделци, сточари и жители на населените места на Шар Планина. Во вакви временски услови, доволна е една искра за последиците да бидат огромни. Одговорноста е заедничка. Бидете исклучително внимателни и помогнете ни да не дозволиме да гори Шар Планина – порачуваат од Националниот парк Шар Планина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation