Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.
Утринската температура ќе се движи од -6 до нула степени, а дневната ќе достигне до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со појава на магла. Во вечерните часови ќе има повремени врнежи до дожд, а во текот на ноќта во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.
Температурата ќе достигне до 8 степени.
Во текот на ноќта кон сабота врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места.
В сабота претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а повисоките места и на планините и од снег. Ќе дува умерен долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.
Во недела ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. температурата ќе достигне до 11 степени.