Не мирува 22-годишникот кој го изврши масакрот во Дубона и во Мали Орашје

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Осудениот Урош Блажиќ (22) од Дубона кај Младеновац, кој во мај 2023 година уби девет лица и тешко повреди 12 во селата Дубона и Мало Орашје, имал неколку тепачки со затворениците, пишуваат српските медиуми. Тој доби максимална затворска казна од 20 години за делото.

Тој е преместен во друга ќелија откако во четвртокот учествувал во кавга и физичка пресметка со затвореник од ќелијата. Стражарите спречиле да дојде до поголем конфликт, а двете лица била испратени на лекарски преглед.

Блажиќ на 16 декември три дена штрајкуваше со глад, но не ги објасни причините зошто ја одбивал храната:

„Но, тој не сакаше писмено да ги наведе причините зошто почнал да ја одбива затворската храна. Управата на затворот веднаш ги презела сите мерки, вклучително и одведување на ова лице на лекарски преглед. Ова лице повторно почнало да зема затворска храна во четвртокот на 19 декември и за тоа време лекарот неколку пати го прегледал, што е дел од редовната процедура кога лицето ќе објави дека не јаде храна подготвена во затворот“, соопштиле од Управата за извршување на кривични санкции во Смедерево.
Инаку, Блажиќ пријавил дека бил нападнат само три дена откако со првостепена пресуда му била изречена максимална затворска казна затоа што, како што утврдил судот, но и како што самиот признал, на 4 мај 2023 година со истрели од калашников и пиштол уби девет лица, а рани 12.

Во јуни 2023 година, Урош Блажиќ бил во конфликт со затвореник во истата ќелија, но тие самите го прекинале конфликтот и ги повикале затворските чувари, по што тој бил префрлен во друга ќелија.

– Тие се плескаа, а прво човекот кој беше во ќелијата со него му удри шлаканица, а потоа Урош му возврати. Блажиќ не е повреден, додека другиот притвореник има модринка под окото. Блажиќ е казнет за тој инцидент, а потоа му е изречена дисциплинска казна ограничување на посетите за сите членови на семејството – изјавил неименуван извор.

 

На 29 јуни Вишиот суд во Смедерево забранил посети од семејството на Блажиќ заденовите 14 и 21 јули како дисциплинска мерка за случајот.

Share This Article