Background

Научници од Кина и САД открија дека климатските промени предизвикани од човекот го намалуваат интензитетот на екстремните студови

Научници од Кина и САД открија дека климатските промени предизвикани од човекот го намалуваат интензитетот на екстремните студови, објави Синхуа.

Истражувањето, објавено во списанието Climate and Atmospheric Science, е спроведено од Институтот за атмосферска физика при Кинеската академија на науките, Кинеската академија за метеоролошки науки и Универзитетот во Олбани при Државниот универзитет на Њујорк.

Студијата се фокусирала на силниот студен бран што ја зафати Источна Кина во декември 2023 година. Утврдено е дека невообичаени атмосферски циркулациски модели биле главниот фактор за екстремниот студ, но истовремено ефектот на глобалното затоплување ја намалил неговата сила за околу 22 отсто.

- Advertisement -
Ad image

– Нашите наоди потврдуваат дека климатските промени предизвикани од човекот навистина ги ублажуваат екстремните студени појави – изјави професорот Цјан Чен од Институтот за атмосферска физика.

Истражувањето покажува дека човечкото влијание ја намалило веројатноста за појава на слични студени бранови за 92 отсто, а нивната просечна температура е зголемена за 1,9 степени Целзиусови во споредба со хипотетичка ситуација без човечко влијание.

Според научниците, ваквите екстремни студови ќе стануваат сѐ поретки и поблаги до крајот на векот. Во сценарио со умерени емисии, фреквенцијата на студените бранови се очекува да се намали за 95 отсто, а нивната интензивност да биде пониска за повеќе од 2°C.

Сепак, научниците предупредуваат дека екстремниот студ нема целосно да исчезне.

– Дури и ако се постигне климатска неутралност и глобалното затоплување се ограничи на 1,5°C според целите на Парискиот договор, можни се непредвидливи студени бранови – вели професорот Чен, заклучувајќи дека општествата мора да бидат подготвени за ненадејни температурни падови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖