Background

Наскоро, возило слично на амбулантно возило, но наменето исклучиво за хуманоидни роботи, би можело да се движи низ улиците на Токио

Наскоро, возило слично на амбулантно возило, но наменето исклучиво за хуманоидни роботи, би можело да се движи низ улиците на Токио. Јапонската технолошка група GMO Internet Group претстави комбе опремено за транспорт на инженери, алатки, резервни делови и робот за замена директно до местото на дефектот. Компанијата истакнува дека тоа е првото вакво возило во Јапонија за одржување на хуманоидни роботи, пишува Euronews.

– Нашата роботска амбуланта носи робот за замена на терен и го користи за да го замени оштетениот – објасни Шота Такизава, инженер во GMO Air.

Доколку дефектот не може да се поправи на лице место, оштетениот робот се транспортира до сервисниот центар. Во тоа време, роботот за замена веднаш ги презема своите задачи, со што се обезбедува непречена работа.

- Advertisement -
Ad image

Компанијата GMO AIR објаснува дека ја развиле услугата откако самите се соочиле со застој во работењето додека чекале да се поправат сопствените роботи.

-Тоа искуство ни даде идеја да обезбедиме роботи за замена на хуманоидни роботи – рече Томохиро Учида, извршен директор на GMO Air.

 

Иако возилото носи ознаки слични на амбулантно возило и има виолетови ротирачки светла, тоа во суштина е мобилна работилница. Внатрешноста е адаптирана за сместување на роботи, лаптопи и целата потребна опрема за одржување.

Компанијата моментално има едно такво возило во своето седиште во Токио, но GMO вели дека планира да воведе дополнителни возила и да отвори нови бази доколку се појави потреба.

– Кога хуманоидните роботи ќе станат дел од секојдневниот живот, овој вид услуга ќе биде неопходна – додаде Такизава.

Проектот беше лансиран во време на сè поинтензивна пазарна конкуренција во секторот на хуманоидни роботи, предводена од Кина и САД. Кина изгради силна производствена база потпомогната од државни инвестиции и домашни синџири на снабдување, додека американските компании се позиционираат како лидери во развојот на вештачката интелигенција и напредната роботика.

Според проценките на McKinsey, пазарот на роботика за општа намена би можел да достигне вредност од приближно 370 милијарди долари (околу 319 милијарди евра) до 2040 година.

Јапонија, која со децении е водечки производител на индустриски роботи, сега се обидува да ја зајакне својата позиција во роботиката базирана на вештачка интелигенција.

Во јуни, јапонската влада постави цел за воведување на околу 10 милиони роботи до 2040 година и нивна примена во 18 различни сектори, вклучувајќи ја здравствената заштита, угостителството и производството.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation