Кратер со големина на спортски стадион останал на астероидот Диморфос откако НАСА намерно удри во него со вселенско летало. Првите детални снимки откриваат дека ударот ја срамнил едната страна на небесното тело. Астероидот сега хаотично се превртува, објави Европската вселенска агенција.
Американското вселенско летало „Дарт“ удри во Диморфос во септември 2022 година. Целта беше да се испита можноста за пренасочување астероиди кои би можеле да ја загрозат Земјата. Четири години подоцна европското летало „Хера“ ги истражува последиците од сударот.
– Кратерот е речиси голем колку самиот астероид, што е навистина спектакуларно. Тешко е со зборови да се опише возбудата што конечно гледаме што се случило – изјави Сабина Радукан, планетарна научничка од тимот на мисијата „Хера“.
Диморфос е широк околу 150 метри, додека неговиот поголем сосед Дидимос има дијаметар од 730 метри.
Леталото на НАСА удри во Диморфос со брзина од околу 22.000 километри на час. Сударот исфрли материјал од астероидот, создавајќи трага долга околу 10.000 километри. Неа ја забележаа телескопите на Земјата и во вселената.
Пред ударот Диморфос кружеше околу Дидимос за 11 часа и за 55 минути. Експериментот го скрати тоа време за 33 минути.
Научниците од мисијата „Хера“ сега треба да ја измерат масата на Диморфос. Податоците ќе им овозможат да ја пресметаат ефикасноста на ударот.
Сајмон Грин, професор по планетарни науки, објаснува дека врз основа на овие пресметки научниците би можеле да одредат со колкава маса и со колкава брзина треба да удри едно вселенско летало за да пренасочи астероид што се движи кон Земјата.
Пред сударот Диморфос постојано бил свртен со истата страна кон Дидимос, слично како Месечината кон Земјата.
– Сега неговото движење е многу хаотично. Замислете буре што го фрлате по скали, кое се тркала и се врти. Токму така Диморфос сега се движи околу Дидимос – објасни Радукан.
Леталото „Хера“ направи детални фотографии и од поголемиот астероид. Неговата површина е покриена со огромни карпести блокови.
Наоми Мардок, членка на научниот тим на мисијата, објасни дека гравитацијата на површината на Дидимос е околу 40.000 пати послаба од онаа на Земјата.
Најголемите карпи забележани на снимките достигнуваат 10 метри. Некои се големи колку автомобили, други колку автобуси.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
