Најмалку 22 лица загинале, а тројца се повредени во пожар во ресторан во северниот кинески град Лиjаојанг, соопштија локалните власти.
Не е наведена причина за пожарот.
Како што пренесе Бета, голем број регионални политичари ветиле дека истрагата ќе биде целосна и оти одговорните ќе бидат строго казнети.
Лијаојанг е во „појасот на ’рѓа“, поранешен индустриски центар кој западна во тешкотии, со огромен одлив на население.
Пожарите се честа појава во Кина, обично бидејќи персоналот ги игнорира прописите поради лоша обука или поради притисок од претпоставените.
Лошо одржуваната инфраструктура, нелегално складираните хемикалии и недостигот на противпожарни излези и средства за гаснење се фактори што водат до вакви катастрофи, а сите тие честопати се поттикнати од корупција.