Најмалку 12 лица се повредени и однесени во болница во пукотница на забава на езеро во близина на Оклахома Сити во САД синоќа, соопштија полициски и здравствени службеници.
Портпаролката на полицијата во Едмонд, Оклахома, Емили Ворд изјави дека властите добиле пријави околу 21 часот по локално време за пукотница на младински собир во близина на езерото Аркадија.
Таа изјави доцна синоќа дека никој не е уапсен.
„Ова очигледно е многу застрашувачка ситуација и ние ги разбираме загриженоста на јавноста и на вклучените и интензивно работиме на пронаоѓање на осомничени“, рече таа.
Ворд изјави дека разговарале со повредени лица и сведоци низ целиот град.
Таа рече дека 10 лица се однесени во болници, додека другите сами се одвезле во болници и се во „различни состојби“.
Службениците на болницата изјавија дека девет лица се хоспитализирани во Оклахома Сити, а тројца се хоспитализирани во Едмонд.
Полицијата не даде детали за забавата, но флаер виден на социјалните медиуми по пукотницата посочи дека во близина на езерото е планиран настан наречен „Неделна забава“.
Езерото Аркадија, кое се наоѓа околу 19 километри северно од Оклахома Сити, првенствено се користи за контрола на поплави, а е и популарно место за одмор за риболов, пловење, пикник и кампување. Се наоѓа во Едмонд, предградие на Оклахома Сити со население од околу 100.000 жители.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
