Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал и официјално стана член на Бордот на директори на Реал Мадрид, откако неговото назначување беше потврдено на Собранието на делегатите на клубот, одржано денеска во спортскиот комплекс „Сиудад Реал Мадрид“ во Валдебебас.
Надал лично присуствуваше на собранието, а неговото пристигнување и приклучување кон раководната маса беа проследени со голем аплауз. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, побара од делегатите да му дозволат на тенискиот ас да седне покрај членовите на раководството, уште пред формалното гласање за неговото назначување.
Назначувањето беше предложено од Управниот одбор на Реал Мадрид на 4 ноември, а конечната потврда требаше да ја даде Собранието на делегатите.
Според објавените информации од гласањето, предлогот бил усвоен со убедливо мнозинство. Со ова, Надал станува дел од раководното тело на клубот, во кое претседател е Флорентино Перез.
Надал е долгогодишен поддржувач на Реал Мадрид и почесен член на клубот од 2011 година. Неговото назначување претставува ново поглавје во неговата поврзаност со „кралскиот клуб“, овојпат надвор од тениските терени.
Шпанецот ја заврши професионалната тениска кариера со 92 освоени титули во сингл, меѓу кои и 22 трофеи од Гренд слем-турнирите. Во неговата богата спортска биографија се и две олимписки злата и пет титули во Дејвис купот со репрезентацијата на Шпанија.
Tagged as:
Надал доби нова функција покрај Флорентино Перез
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
