Background

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман на пациентите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По иницијатива на директорката на Клиниката, прим. д-р Јасмина Ѓорѓиевска Павловска, беше организирана експертска посета од страна на суб. спец. д-р Игор Маљковиќ, искусен пластичен и реконструктивен хирург со долгогодишно искуство во лекувањето на најсложените случаи на изгореници, објави Клиниката на нејзината страница на Фејсбук.

Во текот на посетата, како што се посочува, беа извршени детални прегледи и стручни консултации за секој пациент, при што беа дефинирани индивидуални планови за етапно реконструктивно лекување. Секој случај беше разгледан од аспект на функционалното закрепнување, можностите за понатамошни оперативни зафати и очекуваните резултати. Покрај консултативниот дел, беше реализирана и сложена реконструктивна операција кај еден од најтешко повредените пациенти од пожарот во Кочани.

Операцијата беше резултат на тимска работа и професионална соработка меѓу д-р Маљковиќ и прим. д-р Ѓорѓиевска Павловска, прим. д-р Тренчев, ас. д-р Нацеска Ѓорѓевска, ас. д-р Јовановски, спец. д-р Максутлар, спец. д-р Трајков, како и специјализантите д-р Ставриќ, д-р Шемов и д-р Пејоска, д-р Ончев, со поддршка од анестезиолошкиот тим, операционите медицински сестри и целиот персонал на Клиниката, се наведува во објавата.

- Advertisement -
Ad image

Од Клиниката потенцираат дека неговото учество претставува значаен придонес во планирањето на следните фази од лекувањето. Иницијативата има за цел примена на современите принципи на реконструктивната хирургија и размена на знаење и искуства со врвни експерти од регионот, истовремено потврдувајќи дека грижата за пациентите од Кочани останува еден од главните приоритети на Клиниката.

Лекувањето на пациентите со тешки изгореници не завршува со спасувањето на животот или зараснувањето на раните. Напротив, тогаш започнува долго и комплексно патување исполнето со реконструктивни операции, рехабилитација и постепено враќање на функцијата, самостојноста и квалитетот на живот. Грижата за пациентите со тешки изгореници бара знаење, искуство, трпение и пред сè, тимска работа. Успехот не се мери само со успешно изведената операција, туку и со секој следен чекор кој му овозможува на пациентот повторно да ги користи своите раце, да се врати во секојдневниот живот и да ја врати надежта за иднината.

Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија останува посветена на обезбедување континуирана, современа и холистичка здравствена грижа за пациентите повредени во пожарот во Кочани. Со посветеноста на специјалистите, професорите, специјализантите, медицинските сестри и останатиот здравствен персонал, како и преку соработка со врвни експерти од регионот и светот, Клиниката продолжува да го гради патот кон постигнување максимални резултати за секој пациент, се наведува во објавата на Клиниката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation