На повеќе патни правци има забрана за движење на тешки товари возила

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поради врнежи од снег и лед на одделни патишта забранет е сообраќајот за тешки товарни возила, а за останатите возила е задолжителна употреба на зимска опрема, соопшти Авто мото сојузот.

Од 08.50 часот поради мраз на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Од 08.05 часот е воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила со носивост повисока од 7,5 тони е воведена и на граничниот премин Делчево кон Бугарија.

Активни се и забраните за тешки товарни возила на патот Крива Паланка граничен премин Деве Баир, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, како и на превоите Пресека и Плетвар

Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Share This Article