На граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје е запленет накит „Сваровски“ во вредност од 333.000 денари, или околу 5.400 евра откако царинските службеници го открија при детална контрола на патничка на влез во државата.
Станува збор за македонска државјанка која пристигнала со лет од Загреб, при што на влез во државата со намера да избегне плаќање увозни давачки, се упатила на зелениот наместо на црвениот канал. Патничката е селектирана за контрола од страна на царинските службеници, пред кои изјавила дека нема ништо за пријавување. По извршената ренген-контрола и преглед на багажот, откриени се 23 парчиња накит „Сваровски“.
Случајот е предаден на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, кое поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
