По серијата украински напади во Русија, ноќеска избувнаа големи пожари во неколку градови на југот на земјата.
Во цел Крим нема електрична енергија. Според извештаи од социјалните мрежи, украински беспилотни летала погодиле две трафостаници, во Масандра и во Јалта.
На југот на Русија, во Краснодар се погодени магацини на онлајн трговецот „Вајлдбери“, кој го нарекуваат и „руски Амазон.
Друг логистички центар на компанијата „Вајлдбери“ е погоден во Невиномиск во Ставрополската област, каде што по нападот избувна голем пожар.
Од Русија сè уште нема официјална потврда за најновите украински напади.
Овие напади се дел од пошироката украинска стратегија за напад врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и окупираните територии, чија цел е да се ослабат руските воени капацитети.
Со нападите во Краснодар и во Невиномиск бројот на напади врз инфраструктурата на компанијата „Вајлдбери“ во изминатите неколку дена се зголеми на четири.
Во ноќта на 18 јули, Украина изврши два напада врз објектите на компанијата, во Електростал во Московскиот регион и во Котовск во Тамбовската област. Во ноќта на 19 јули, украинските сили нападнаа складиште за нафта во Ставрополската област и неколку други цели. Командантот на украинските сили за беспилотни системи, Роберт Бровди, изјави дека ноќта на 20 јули погодиле 7 бродови на руската „флота во сенка“, седум енергетски објекти на Крим и други воени цели.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
