Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на први март ќе го одржи редовното Изборно собрание, на кое ќе се бира и нов претседател.
Овој собир е исклучително важен за македонскиот ракомет, со оглед што ќе треба да се избере човек кој ќе го продолжи исклучително успешниот пат на сè уште актуелниот предводник, Живко Мукаетов, кој сам ја напушта функцијата поради искористување на максимален број мандати според Статутот.
Во време на првиот човек на компанијата „Алкалоид“, машката ракометна репрезентација на Македонија постигна значајни успеси и учествуваше на сите големи натпреварувања, а бевме сведоци на сериозни успеси и на женската селекција како и на младинските национални тимови.