Во Охрид, на 2 август 2026 година, ќе се одржи 47-то издание на Малиот Илинденски пливачки маратон, во организација на Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
Патеката, како и секоја година, започнува од плажата Горица, кај Дивото, а завршува на кејот на Охридското Езеро, пред хотел „Ривиера“. Должината на патеката изнесува 2,5 километри, а за оваа година пријавени се повеќе од 60 пливачи.
Учесниците се поделени во две категории – до 15 години, но не помали од 8 години, и 16 и постари. Според програмата, првиот старт, наменет за постарата категорија, ќе биде во 10:00 часот, додека вториот старт, за помладата категорија, ќе биде во 11:00 часот.
За безбедноста на пливачите ќе се погрижат медицински и спасувачки екипи на Црвен крст – Охрид, а регуларноста на трката ќе ја следат два судиски тима.
Организаторите ги повикуваат граѓаните да излезат на градскиот кеј и да ги поддржат пливачите, на настан кој веќе со децении е дел од летната спортска традиција на Охрид.
Tagged as:
ГрадскиКеј ИлинденскиПливачкиМаратон ОхридскиБранови2008 ОхридскоЕзеро Пливање СпортОхрид
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
