МУЦУНСКИ ГО ПОСЕТИ СИЈАРТО Во Будимпешта се згрижени шест македонски пациенти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување.

Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции. 

Share This Article