Член на американскиот воен екипаж случајно го активирал тобоганот за итна евакуација на новиот претседателски авион, непосредно пред Доналд Трамп да се качи во леталото.
Огромниот тобоган се отворил на пистата, Трамп останал околу 20 минути во хеликоптерот „Марин уан“, а полетувањето за Далас доцнели. Ројтерс и Си-Би-Ес ја потврдија причината преку извори запознаени со инцидентот.
– Не, го провериле (тобоганот) порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено – рече Трамп пред новинарите кога конечно излезе на пистата.
Новинарите го прашаа и дали е сигурен дека авионот е безбеден за лет.
– Да, инаку не би бил во него – одговори Трамп.
Зад сцената, сепак, не се одвиваше рутинска проверка. Извори на Ројтерс и на Си-Би-Ес велат дека воено лице случајно го активирало системот.
Екипите го испуштија воздухот од активираниот тобоган и го отстранија од авионот. Снимките покажаа како работниците го изнесуваат од пистата.
Боингот 747-8 вообичаено има 12 тобогани за итна евакуација. Тие овозможуваат патниците безбедно да се спуштат од височина од околу девет метри. Авионот потоа полета без инцидент и стигна во Тексас.
Инцидентот привлече поголемо внимание и поради необичната историја на авионот. Леталото Боинг 747-8 е подарок од Катар за САД, а неговата вредност се проценува на околу 400 милиони долари. Трамп почна да лета со него на 1 јули, откако американските власти забрзано го приспособија за претседателски потреби.
За време на самитот на НАТО во Турција, американските служби добија информации за веродостојна закана со проектил. Трамп затоа ја напушти Турција со постариот претседателски авион.
Новиот авион повторно ќе биде повлечен од употреба во октомври. Трамп најави дополнителни безбедносни надградби кои треба да траат околу 60 дена.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
