Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека најмалку две лица загинале, а десетици се повредени во руските напади врз повеќе области во Украина во текот на ноќта и изутринава.
Зеленски на платформата Икс објави дека во Харков, при напад врз станбена зграда, се повредени 28 лица, меѓу кои девет деца. Две лица го загубиле животот во Киевската Област, а во самиот Киев се оштетени станбени згради, комуникациска инфраструктура и бензински пумпи.
Официјална Москва денеска соопшти дека Украина „ја плаќа цената за сопствените напади врз Русија во последните месеци“.
– Украина ќе мора да ја плати цената за дејствијата што се случија во последните месеци. Тоа се случува сега. Нашите вооружени сили продолжуваат со специјална воена операција – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев по парламентарните избори во Русија, но потсети на големиот украински напад врз Москва за време на гласањето, нападите врз избирачките места и нападот со беспилотни летала врз Санкт Петербург за време на големиот економски форум во јуни.
Според Путин, сите предлози за решавање на конфликтот сѐ уште се на маса, но дека Москва мора да процени што е во нејзин интерес.
Tagged as:
Москва порача дека ќе ги продолжи нападите
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
