Background

Дури 38 процентни поени би ја делеле Марин Ле Пен од Жан-Лик Меланшон ако двајцата во моментот се најдат во втор круг од претседателските избори во Франција

Дури 38 процентни поени би ја делеле Марин Ле Пен од Жан-Лик Меланшон ако двајцата во моментот се најдат во втор круг од претседателските избори во Франција. Популарната десничарка, лидерка на партијата Национален собир би освоила 69%, а лидерот на Непокорна Франција 31%, покажува истражувањето на „Толуна-Харис“.

Трката идната година ќе биде без Емануел Макрон. Актуелниот француски претседател го завршува вториот последователен мандат во мај и, според францускиот Устав, не може да се кандидира за трет последователен мандат.

Претседателските избори се закажани во април.

- Advertisement -
Ad image

Предноста за Марин Ле Пен е помала, но и натаму изразена ако противник ѝ биде поранешниот премиер и актуелен градоначалник на Авр, Едуар Филип. Во таков дуел Ле Пен би имала 57% наспроти 43%, односно разлика од 14 процентни поени.

Анкетата не претскажува кој ќе победи на изборите, туку покажува како би гласале испитаниците во хипотетички изборни дуели во овој момент.

69 спрема 31 во дуелот со Меланшон

Најголемиот јаз се отвора токму во можната пресметка со Меланшон. Истражувањето е спроведено онлајн од 22 до 24 септември на репрезентативен примерок од 1.974 полнолетни испитаници.

Според резултатите, Едуар Филип во моментов стои подобро од поранешниот премиер Габриел Атал како можен противкандидат од центарот.

Претседателските избори се планирани за средината на април, а евентуалниот втор круг треба да се одржи во мај. Вториот мандат на актуелниот претседател Емануел Макрон истекува на 13 мај.

Ле Пен предупредува на војна со нуклеарна сила

Додека анкетата ја става високо во претседателската трка, од Париз одекнуваат пораките на десничарката за една од најчувствителните европски теми – односите со Русија.

– Би ве потсетила дека Русија е нуклеарна сила. Не сакам Франција да влезе во војна со која било нуклеарна сила – порача Ле Пен.

Нејзината изјава следува по наводите дека ЦИА предупредила неколку европски сојузници за можни руски напади со дронови од трговски бродови. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека француските служби не добиле такво предупредување, а сличен демант стигна и од Италија.

Ле Пен, пак, инсистира дека не сака Франција да биде вовлечена во директна војна.

– Русија не води војна против нас. Војната е војна. Кога луѓето велат дека сме веќе во војна, понекогаш имам чувство дека тие луѓе сакаат навистина да бидеме во воена состојба. Јас тоа не го сакам – рече таа.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖