Background

МОСКВА НА УДАР ОД МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ

Десетгодишно девојче е меѓу тројцата повредени во новиот масовен украински напад со дронови врз Москва и Московската област. Утринава осамнаа видеа од нападот кој предизвика пожари и оштетувања на повеќе локации.

Нападот следува само два дена по големиот украински напад врз Московската област на 16 август. Тогаш беше погоден уште еден магацин на „Вајлдберис“, а во Подолск загина 83-годишен маж.

Русија собори 180 дронови во Московскиот регион преку ноќ, соопшти градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин, на „Телеграм“ рано утринава, во еден од најголемите украински воздушни напади врз рускиот главен град.

- Advertisement -
Ad image

Според Собјанин, синоќа вкупно 620 дронови се насочиле кон регионот околу руската престолнина, а Москва привремено ги ограничува летовите на своите аеродроми.

Повредени цивили

Гувернерот на Московската област, пак, Андреј Воробјов, соопштил дека девојче било повредено во округот Раменское. Дрон паднал врз приватна куќа, а детето добило повреда од шрапнел на раката.

Девојчето било пренесено во болница и е под лекарски надзор.

Уште две лица биле повредени во други делови од Московската област. Жена настрадала од остатоци од дрон во Богородскиот округ, а 27-годишен маж бил повреден во Коломна.

Удар претрпел и магацин на рускиот онлајн-трговец „Вајлдберис“ во Богородскиот округ. Избувнал пожар, а противпожарните екипи интервенирале на местото.

 

 

Зошт е „Вајлдберис“ мета на нападот?

„Вајлдберис“ е најголемата руска платформа за онлајн-трговија и има значајна улога во снабдувањето во земјата. Преку платформата се продава и воена опрема, меѓу која панцири и делови за беспилотни летала.

Европската Унија во јули вовела санкции против банкарскиот огранок на компанијата. Како причина бил наведуван неговиот придонес кон приходите на рускиот државен буџет.

Оштетувања биле регистрирани и на станбени и на други објекти во повеќе населени места во Подмосковјето.

 

 

 

 

Украина зачестува со напади врз руската инфраструктура

Руските власти тврдат дека противвоздушната одбрана и системите за електронско војување собориле или онеспособиле повеќе од 150 беспилотни летала над Московската област.

Бројката засега не може независно да се потврди.

Нападите со украински дронови длабоко на руска територија зачестија со развојот на нивниот дострел. Киев редовно напаѓа објекти за кои тврди дека се поврзани со руската воена инфраструктура и логистика.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation