Background

Мицкоски вели тоа е добра вест за граѓаните, но лоша на оние кои не ѝ мислат добро на земјата

Растот на БДП повторно е помеѓу првите пет во Европа, како процент, а податоците не се наши туку ги објави Евростат, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски која ја држеше заедно со министерката за финансии Гордана Димитриевска -Кочоска.

Мицкоски  ги сподели податоци од Државниот завод за статистика и Евростат според кои во првиот квартал во земјава е остварен раст на БДП од 3,1% што е седми квартал по ред од доаѓањето на владата на ВМРО-ДПМНЕ со раст на домашниот бруто производ којшто се наоѓа најпрво во првата половина на Европа, а потоа и во првите пет земји во Европа според Еуростат.

-Веднаш зад Малта, Полска и Србија е Македонија која е во првите пет во Европа – рече Мицкоски, подвлекувајќи дека тоа се податоци на Евростат.

- Advertisement -
Ad image


Мицкоски се повика и на статистичките податоци за индустриското производство и за вработеноста во зeмјава кои , како што рече, говорат за позитивните политики на владата.

-Индустриското производство во април 2026 година е зголемено за 7,6% споредено со април месец минатата година, во првите четири месеци од 2026 година и со тоа, како ретко која држава во Европа имаме индустриско производство кое е во позитива, мала, 0,2%, но е позитива во услови кога ја имаме епски најголемата криза во светот- рече Мицкоски.

Третиот параметар, рече Мицкоски е бројот на нововработени лица која е зголемена во првите 21 месец од доаѓањето на оваа влада.

-Бројот на вработени се зголеми за овој период цели 16.000 нови работни места. Овие податоци се лоша вест за оние кои се молат Македонија да не успее, но добра вест за огромен број на граѓани- рече премиерот.

Премиерот додаде дека цел на оваа влада е да се обезбеди подобар живот на граѓаните.

– Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу. Остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите, нема очајување – рече Мицкоски.

Тој очекува во периодот што следи темпото и резултатите од работата да бидат уште посилни.

-Економскиот раст и зголемувањето на БДП не се само бројки- тие се доказ за нашата работа, инвестиции и заедничка посветеност кон подобра иднина. Нашата цел е силна, стабилна и конкурентна економија што ќе создава нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард за сите. Ќе продолжиме со политики што поттикнуваат развој, иновации и економски напредок. Заедно, чекор по чекор, ја градиме иднината на нашата држава – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation