Background

Мицкоски вели дека пред германскиот канцелар и пред францускиот претседател на самитот во Тиват разговарал за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан преку механизми како Реформската агенда или Планот за раст

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пред германскиот канцелар и пред францускиот претседател на самитот во Тиват разговарал за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан преку механизми како Реформската агенда или Планот за раст.

Говорејќи на Националниот сервис по повод 2 години Влада Мицкоски рече дека не очекува да се промени рамката за евроинтегративниот пат за Маакедонија, но дека двете највлијателни земји во Европа, Франција и Германија, дале предлог кој може да го забрза интегрирањето.

– Јас тоа го разговарав и со канцеларот Мерц и со претседателот Макрон, јасно дефинирајќи што мислиме дека можеби да се додаде или одземе од тој нивен предлог, гледано од нашата оптика. Затоа што ако нивниот предлог е врзан со затворање кластери, ако имате Косово кое што не е ни кандидат, Босна и Херцеговина, Македонија која што почнала, а не почнала, ја имате Србија која што нема усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија и има некаква премолчена блокада и не може да отвара и да затвора кластери, тогаш не ја гледам целисходноста. Можеби е доволно да се најде некој друг механизам како Реформската агенда или Планот за раст, па на тој начин, практично да се дадат поттици и поддршка на земјите од Западен Балкан. Тоа беше мојот предлог што го дадов на тие билатерални средби и мислам дека предизвикав внимание. Ќе видиме сега дали тоа ќе биде операционализирано, но во секој случај, јас сум задоволен од тоа што се води сметка, односно се бараат конструктивни решенија во рамките на возможното на регионот да му се понуди европска перспектива, и тоа е добро – рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски оцени дека, како што рече, „претходната влада, притисната од неуспехот да испорача дома, буквално беше во состојба бел лист хартија да потпишеме, мислејќи дека на тој начин ќе ја добие милоста да продолжи да биде влада. Очигледно дека таа стратегија не успеа и тие се сега опозиција и таму кај што се“.

– Но сега проблемот ние го имаме, како и многу други проблеми кои што треба да ги решаваме. Нашиот пристап кој е? Ние велиме во ред, ние не можеме да го игнорираме слонот. Слонот е во собата, но ајде да видиме дали е ова последно. Вие велите ова е последно. Ако е тоа така, дајте тоа да го формализираме некако. Видете и тоа не е гаранција. Ние имавме пресуда од Европскиот суд на правдата во Хаг против нашиот јужен сосед, пресуда дека сме во право, па повторно не блокираа, кога дојде ред да се интегрираме во НАТО. Но е подобро од ништо, бидејќи секој заклучок ја добива поддршката институционално од сите земји членки – истакна Мицкоски.

Тој го искоментира барањето на Бугарија за промена на Уставот, и темата за човековите права.

– Нашиот источен сосед вели вака: „Промената на Уставот е поради непочитување на човекови права. Со промената на Уставот ќе се зацврстат човековите права на бугарската заедница кај нас“. Ајде сега да го анализираме тоа. Прво, ние сме политичари. Ние не сме експерти за човекови права. Темата за човекови права ние можеме да ја злоупотребиме, затоа што не сме експерти. Второ, во Европа има институција каде што има експерти за човекови права. Таа институција е во Стразбур и се вика Суд за човекови права. Јас можам темата за човекови права да ја злоупотребам и политизирам, како и секој политичар, но оваа институција врз основа на факти, докази, меѓународното право, конвенции и така натаму носи пресуда. И тоа треба да се почитува, но за жал не се почитува – рече Мицкоски.

Тој потсети дека таа институција 14 пати до сега донела пресуда во којашто вели дека човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед се нарушени и нула пати за бугарската заедница кај нас.

– Сега, ако резултатот на семафорот е 14:0, за кои човекови права и промена на Устав кај нас зборуваме? Нема логика. Ако има волја може, ама тоа не зависи од нас. Тоа треба сите 27 земји членки да донесат заклучок со кој што ќе го поништат претходниот заклучок. Дека тоа ќе се случи во присуство на високи претставници на бугарската влада, да видам, да не верувам. Тоа е невозможно. Но, кога зборуваме за стратегија и за процеси, тогаш мораме тие да ги гледаме холистички. Не може тоа да биде како шведска маса. Па сега мене ова ми се допаѓа, тоа не ми се допаѓа. Нашиот источен сосед има преземено обврски да ги почитува човековите права. Потпишал резолуција, ратификувал во парламент, што значи дека треба да ги обезбеди човековите права на македонската заедница, така што овие пресуди од Судот за човекови права во Стразбур ќе ги имплементира. Со други зборови, ќе им дозволи на припадниците на македонската заедница да се организираат културно, социолошки и општествено. Тие тоа не го прават. Зошто? Затоа што таа живковистичка политика, која што трае со децении, негаторска кон македонскиот идентитет, им внесува страв во коски – оцени Мицкоски.

Според него, тоа е најголемиот проблем и токму тоа е суштината во протоколот еден и два.

– Во политиката вие стратешки мора да ги гледате и анализирате пред да ставите потпис. Кога ќе ставите потпис, претходно мора да имате предтекст на што ставате потпис и да антиципирате можни предизвици. Затоа што ние оваа трка немаме намера да ја почнеме. Ние имаме намера да ја завршиме. Нашата цел како Влада, со мудрост, со тактика, со стратегија, да се обидеме да го исправиме тоа кое што е погрешно направено. Криво засадено семе криво изртува – оцени Мицкоски.

Во однос на тоа кои биле мотивите за објавување на нотата, Мицкоски оцени дека тоа е организирана кампања, која што е забележлива во овој период.

– Мислам дека се две работи. Мислам дека се ниски страсти и второ организирана кампања која што во овој период е забележлива. Сега ние сме зафатени со други активности во рамките на партиската реконструкција, владината реконструкција и го користат овој слободен простор еден-двајца политички ликови во државава да се обидат да промовираат нешто кое што никој не може да го прифати, рече Мицкоски, оценувајќи дека во политиката нема случајности.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation